Линкови за пристапност

27 загинати во бомбашки напади врз шиитски џамии во Багдад


27 лица загинале,а над 50 се повредени во серија бомбашки напади врз шиитски џамии во Багдад, јави ирачката полиција. Најмалку петте, навидум координирани експлозии имале за цел џамии ширум Багдад во време кога верниците заминувале од петочната молитва. Најкрвавиот напад се случил во областа Шаб во северниот дел на Багдад, каде во експлозија на автомобил-бомба пред џамија загинало 21 лице.

Досега никој не презеде одговорност, но минатите напади на шиитски верски светилишта беа дело на сунитски милитанти и терористи на Ал-Каида.

Иако насилството во Ирак драстично опадна од почетокот на годината, нападите зачестија во јуни, непосредно пред повлекувањето на американските борбени сили од ирачките градови.

Во четвртокот, во два бомбашки напада загинаа најмалку 13 лица. Цел на едниот од нив беше канцеларија на сунитска политичка партија во Бакуба.

XS
SM
MD
LG