Стапката на намалување на американската економија во вториот квартал на годината изнесува еден процент, што навестува дека можеби минало најлошото од рецесијата.
Стапката за периодот април-јуни, наведена во прелиминарниот извештај за бруто домашниот производ на владиниот Оддел за трговија, издаден во петокот, е далеку подобра од онаа за првиот квартал на годината, што изнесуваше 6.4 проценти.
Бруто домашниот производ е мерка на сите добра и услуги произведени во земјата и најширок индикатор за економската активност.
Новиот извештај ја акцентира изјавата на американскиот претседател Барак Обама во четвртокот дека економијата се стабилизира, но тој рече и дека губењето на работни места се` уште преставува голем проблем.
Работодавачите во САД укинаа 6,5 милиони работни места откако земјата и официјално западна во рецесија во декември 2007-ма. Стапката на невработеност нарасна на 9.5 проценти, што е највисоко ниво во последниве 26 години.