Линкови за пристапност

Авганистан: Војна против афионот


Над девет илјади британски и дополнителни десет илјади американски трупи се испратени во провинцијата Хелманд да го поразат Талебан и да воспостават безбедност пред изборите во државата закажани за следниот месец. Колку е тешка борбата покажува се поголемиот број жртви но и борбата против ширењето на култивацијата на афион и производство на опиум се покажа подеднакво тешка.

Провинцијата Хелманд во јужен Авганистан, фокалната точка на тешките борби на британски и американсски сили против бунтовниците, е упориште на Талебан.

Но, тоа е и местото каде повеќе од половина од опиумот во државата се одгледува.

вганистан произведува над 90 проценти од светскиот опиум, што потоа се шверцува преку границата за на крајот да биде продаден како хероин.

До сега напорите беа насочени кон искоренување на афионските полиња. Но Пол Бурк, политички директор во Меѓународниот совет за безбедност и развој – вели дека со тоа само се општетуваат фармерите кои немајќи веќе приходи се принудени да се приклучат на бунтовништвото за да го издржуваат семејството.
„Се ослободувате од некои десетина хектари со афион. Други десет хектари наскоро изникнуваат на друго место, а во меѓувреме сте создале уште 50-100 регрути за бунтовништво", вели Бурк.

ОН проценуваат дека бунтовниците заработуваат до 400 милиони долари годишно од опиум, со што се финансира нивната способност за борба.

Опиумот лесно се пренесува преку порозните авганистански граници.

САД и сојузниците ги охрабруваа фармерите да одгледуваат алтернативни култури, жито, калинки и друго, но тоа не донесе запирање на култивацијата на афион.

Новата американска политика се фокусира на спречување на опиумот да го напушти Авганистан – со цел да не казнуваат обичните фармери туку да се прекинат снабдувачките линии и конечно, опиумот да се направи безвреден.

XS
SM
MD
LG