Линкови за пристапност

Обама:  економската политика ја намали рецесијата


Претседателот Барак Обама смета дека економската политика на неговата влада помогнале „да се повлече кочница за рецесијата“. Тој даде ваков коментар во контекст на петочниот извештај на владиниот Оддел за трговија за вториот квартал на годината, што покажува дека економијата се намалува со помал обем.

Обама кажа дека е оптимист во однос на правецот во кој започнала да се движи економијата, но предочи дека има уште многу да се стори. Растечката невработеност се` уште претставува голем проблем и економијата нема целосно да се опорави се` додека не се подобри ситуацијата на тоа поле, рече претседателот.

Според извештајот на Одделот за трговија, стапката на опаѓање на бруто-домашниот производ во вториот квартал на годината е 1 процент, што е далеку подобро од првиот квартал, кога тој износ беше 6.4 проценти.

Бруто-домашниот производ е мерка на сите добра и услуги произведени во земјата и најширок индикатор за економската активност.

Работодавачите во САД укинаа 6,5 милиони работни места откако земјата и официјално западна во рецесија во декември 2007-ма. Стапката на невработеност нарасна на 9.5 проценти, што е највисоко ниво во последниве 26 години.

XS
SM
MD
LG