Линкови за пристапност

28 загинати во бомбашки напади врз шиитски џамии во Багдад


28 лица загинале, а над 130 се повредени во серија бомбашки напади врз шиитски џамии во Багдад, јави ирачката полиција. Најмалку шест, навидум координирани експлозии имале за цел џамии ширум главниот ирачки град кога верниците заминувале од петочната молитва. Најкрвавиот напад се случил во областа Шаб во северниот дел на Багдад, каде во експлозија на автомобил-бомба пред џамија загинало 21 лице.

Досега никој не презеде одговорност, но минатите напади на шиитски верски светилишта беа дело на сунитски милитанти и терористи на Ал-Каида.

Генералниот секретар на Он Бан Ки-Мун ги осуди нападите и кажа дека навидум се со цел да предизвикаат секташки немири.

Иако насилството во Ирак драстично опадна од почетокот на годината, нападите зачестија во јуни, непосредно пред повлекувањето на американските борбени сили од ирачките градови.

Во четвртокот, во два бомбашки напада загинаа најмалку 13 лица. Цел на едниот од нив беше канцеларија на сунитска политичка партија во Бакуба.

XS
SM
MD
LG