Линкови за пристапност

Обама на пиво со полицаец и професор „гаси“ расна контроверза


Американскиот претседател Барак Обама вели дека четвртокот попладне имал “пријателска, полна со размислувања“ средба во градината на Белата куќа, каде ги покани на пиво универзитетскиот професор Хенри Луис Гејтс Џуниор и полицискиот наредник Џејмс Кроли. Овие две лица деновиве се во центарот на мошне жива расна дебата во САД.

Обама во изјавата им се заблагодари на професорот на Харвард Кроли, инаку црнец, и наредникот Кроли, кој е белец, за тоа што се согласиле да се сретнат во обид да го надминат спорот.

Кроли го уапси Гејтс во неговиот дом во близина на Универзитетот Харвард на 16-ти јули откако тој и неговиот возач биле забележани како се обидуваат сосила да ја отворат влезната врата, бидејќи Гејтс ги заборавил клучевите во куќата. Полицијата реагирала на повик од еден од соседите дека две лица навидум се обидуваат да пробијат во домот. Наредникот Кроли, инаку белец, го привел Гејтс откако, според полицијата, професорот станал вербално агресивен и не сакал да соработува. Гејтс бил уапсен под обвинение за насилничко однесување, но обвинението подоцна беше повлечено. Гејтс, чија специјалност е афро-американска историја, култура и литература, тврди дека во случајот бил жртва на расно профилирање. Кроли, пак, инсистира дека ја следел процедурата.

Кроли по неформалната средба во Белата куќа во четвртокот кажа дека учесниците разговарале како да тргнат напред.

Претходно во текот на денот, Обама коментираше на медиумското значење што се придаваше на средбата, велејќи дека не се работи за “пивски самит“ туку, едноставно, можност да се слушне другиот.

Минатата недела, Обама надодаде на контроверзата со тоа што коментираше дека полицијата „реагирала глупаво“ апсејќи го Гејтс, кој е негов пријател. Претседателот подоцна ја коригираше изјавата, велејќи дека требало повнимателно требало да ги избере своите зборови. Тој потоа разговораше со Кроули по телефон и кажа дека тој е „извонреден полицаец“ и „добар човек“.

На средбата во Белата куќа присуствуваше и потпретседателот Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG