Линкови за пристапност

Истражување на Галуп: претставата за ЕУ на Балканот


Граѓаните на Република Македонија во огромно мнозинство дават поддршка за интегрирањето на државата во ЕУ. Но, подршката радикално опаѓа доколку услов за членство биде промената на уставното име.

Ова е особено воочливо меѓу етничките Македонци, покажа најновото истражување на Галуп Балкан монитор, спроведено во изминативе месеци, на тема – перцепција на граѓаните од земјите на Западниот Балкан за ЕУ.

Додека 95 отсто од етничките Македонци одбиваат да го сменат името на државата, припадниците на албанската заедница во огромно мнозинство сметаат дека членството во меѓународните заедници е поважно од зачувувањето на уставното име.

Истражувањето на Галуп покажува дека од сите жители на Балканот, граѓаните на Македонија се најисплашени од нова војна во регионот. Дури една третина од испитаниците одговориле дека се уверени дека на Балканот ќе избие нова војна во следните пет години.

84 отсто Македонци, без оглед на етничката припадност, сметаат дека членството во ЕУ е најдобар гарант за мирот и стабилноста, што е и највисокиот процент во целиот регион.

Доверба во институциите на ЕУ покажа и последното истражување на Евробарометарот, според кое граѓаните на Македонија имат значително квалитетна перцепција за социјалните механизми на ЕУ во кои гледаат излез од актуелната економска криза.

XS
SM
MD
LG