Албанската владеачка Демократска партија предложи легализирање на истополовите бракови. Премиерот Сали Бериша издаде соопштение во кое вели дека предлогот ќе предизвика дебата, но дека дискриминацијата против истополовите бракови е неприфатлива.
Албанскиот парламент треба да расправа по легислативата во наредните неколку недели. Доколку мерката биде усвоена, Албанија ќе им се приклучи на земјите од ЕУ како Белгија, Холандија и Шпанија каде таквите заедници се дозволени.