Линкови за пристапност

ОБСЕ:  Нема показатели за поголеми измами на изборите во Молдавија


Меѓународните набљудувачи на ОБСЕ на парламентарните избори во Молдавија велат дека гласањето се одвивало добро и дека нема показатели за голема измама. Сепак, Оранизацијата за европска безбедност и соработка тврди дека нејзините 300 набљудувачи воочиле одредени знаци на „суптилно заплашување и медиумска пристрасност“ воочи изборите во средата.

Европската критика доаѓа во време кога речиси конечните резултати покажуваат дека партиите на прозападната опозиција во Молдавија ја поразиле владеачката Комунистичка партија.

Опозиционите партии се очекува да добијат 53 од вкупно 101 парламентарно место, а комунистите би ги зазеле останатите. Опозицијата, која најавува формирање на алијанса, ги нема потребните 61 глас за избор на нов претседател без согласност на комунистите.

XS
SM
MD
LG