Линкови за пристапност

Наскоро тестирање на вакцината против свински грип


Порано годинава започна работата на вакцина што ќе го спречи ширењето на вирусот А/Ха-1-Ен-1, или свинскиот грип. Работата во САД е завршена и на почетокот на август започнува тестирањето.

Универзитетот Емори во Атланта е едно од местата каде ќе се врши тестирањето. Д-р Марк Малиган вели дека му се потребни 300 доброволци.Тој се надева дека со оглед на вонредната ситуација во која се наоѓаме - ќе се јават многумина.

Тестирања ќе се вршат во осум објекти во САД, најпрво врз здрави возрасни лица, а потоа и врз луѓе од сите старосни групи.

Целта е да се обезбедат 100 милиони дози од вакцините до средината на октомври.

Универзитетот Вандербилт е уште едно од местата каде ќе се тестира вакцината. Д-р Вилијам Шафнер е на чело на Одделот за превентивна медицина при овој универзитет. За него најлошо сценарио е вирусот Ха-1-Ен-1 да почне да се шири пред да ја имаме вакцината.

Како и со секоја вакцина која се изработува со забрзано темпо, постои загриженост за одредени опасни контраиндикации или алергиски реакции. Во овој случај, се стравува и од нагло зголемување на бројот на заболени.

Американскиот секретар за здравство, Арни Данкан вели дека е можно голем број училишта да бидат затворени заради вирусот.

„Минатата година имавме среќа бидејќи вирусот не` погоди на крајот на учебната година. За следната учебна година треба да се подготвме сега“, вели тој.

Научниците не знаат зошто заразените од свински грип се главно деца на училишна возраст и помлади луѓе.

Но, се прават напори покрај вакцината да се обезбедат маски, респиратори и лекови, за да се спречи ширењето на пандемијата.

XS
SM
MD
LG