Линкови за пристапност

Конгресот чекор понапред во реформата на здравствената заштита


Демократите во Претставничкиот дом на САД направија чекор напред во однос на легислативата за реформа на здравствената заштита пред Конгресот да замине на летен распуст. Во средата, водачите на демократите во Претставничкиот дом постигнаа согласност со конзервативните сопратијци за тоа како да се плати за реформата што ја предложи претседателот Барак Обама. Според договорот, најпрвин за мерката треба да се изјаснат клучните Комисии за енергетика и трговија до крајот на неделава, а по распустот, во септември да гласа Претставничкиот дом во полн состав.

Обама деновиве врши интензивна промоција на својот план за проширување на здравственото осигурување и подобрување на заштитата. Тој во средата на оваа тема одржа средби со граѓани во сојузните држави Вирџинија и Северна Каролина, каде истакна дека иницијативата ќе овозможи поголема сигурност за Американците во однос на здравственото осигурување и ќе ги ограничи овластувањата на осигурителните компании. Обама тврди дека планот не е претставува владино преземање на здравственото осигурување, како што инсистираат републиканците.

XS
SM
MD
LG