Линкови за пристапност

Јужна Кореја бара Северна Кореја да врати рибарски брод


Јужна Кореја побара од Северна Кореја да го врати рибарскиот брод што наводно случајно залутал во севернокорејски води. Официјални лица во Сеул велат дека севернокорејска патрола го одвлекла бродот со четворица членови на екипажот во источното пристаниште Јангџон.

Портпарол на јужнокорејското Министерство за обединување изјави дека бродот најверојано имал технички проблеми со системот за навигација, дека се работи за преседан и побара негово враќање. Портпаролот потсети дека годинава Јужна Кореја ослободила два севернокорејски брода врз хуманитарна основа откако навлегле во јужнокорејски води.

Министерството за обединување соопшти и дека севернокорејски претставници ветиле дека ќе го разгледаат случајот.

XS
SM
MD
LG