Осум лица загинале, а 10 биле повредени во експлозија на бомба во канцелариите на политичка партија на сунитите во местото Бакуба, северно од Багдад, соопшти ирачката полиција. Целта на нападот во четвртокот било седиштето на Партијата за реформа и равој во покраината Дијала. Полицијата вели дека бомбата експлодирала во време кога некои членови на партијата одржувале состанок.
Насилството во Ирак изминатава година драстично се намали, но нападите се интензивираа непоредно пред и по повлекувањето на американските борбени сили од ирачките градови на 30-ти јуни.