Линкови за пристапност

Нигериските сили нападнаа милитанти


Нигериските сили во северниот дел на земјата нападнаа радикална исламистичка група која војува против владата.

Загинале најмалку 100 милитанти на сектата Боко харам - меѓу нив и заменикот-водач, а десетина побегнале од регионалниот главен град Мајдагури, централната точка на операцијата. Војниците во четвртокот оделе од врата до врата во потрага на милитанти кои можеби останале.

Милитантите возвратиле со оган, дури и кога се повлекувале. Се слушале пукотници во текот ноќта во делови од градот, а милитантите запалиле полициска станица.

Претходно неделава, нигериските сили го нападнаа седиштето на милитантите во кое се наоѓаше и џамија и го уништија домот на водачот на групата Мухамед Јусуф.

Во неделата, полицијата уапси некои од лидерите на Боко харам. Претходно, исламистичките милитанти, кои се залагаат северниот дел на Нигерија да усвои стриктно интерпретирање на исламскиот закон, нападнале полициски станици, цркви и владини згради.
Официјални лица велат дека досега загинале 180 лица, а 3.000 се привремено раселени.

XS
SM
MD
LG