Линкови за пристапност

Иранската полиција се обидела да растури собир на гробишта


Сведоци велат дека иранската полиција се обидела да растури собир на гробиштата во Техеран организиран во знак на сеќавање на загинатите во немирите што уследија по повторниот избор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

На собирот во четвртокот на гробиштата Бехешти Захра требаше да учествуваат и поразените реформски кандидати Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби, како и мајката на Иранката Неда Ага-Солтан. Девојката стана симбол на реформските протести откако на Интернет се појави снимка на која се гледа како таа умира откако е застрелана за време на поизборните протести во Иран.

Според иранските медиуми, во немирите по гласањето на 12 јуни загинале неколку демонстранти.

Како што се наведува во медиумските зивештаи, бо наредните неколку дена ќе бидат изведени пред суд 20 демонстранти под обвиненија што вклучуваат и носење на оружје и рачни гранати. Властите уапсија политички активисти, новинари и други лица кои учествуваа во протестите по претседателските избори. Опозицијата тврдеше дека изборите биле лажирани, но иранските власти одлучија дека немало неправилности.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во средата изрази осуда во однос на извештаите дека иранските власти ги малтретирале политичките затвореници уапсени за време на неодамнешните протести. Клинтон го повика официјален Техеран да ги ослободи политичките затвореници и да постапува со нив сосодветно и на хумано.

Нема многи информации за, како што се претпоставува, стотиците лица кои иранските сили за безбедност ги уапсија за време на протестите. Во медиумски извештаи се цитираат ослободени лица кои тврдат дека затворските чувари претепале притвореници до смрт, им корнеле нокти и ги чувале во лоши услови.

Клинтон коментираше дека натамошниот притвор и наводното малтретирање на затворениците сугерира дека политичката ситуација во Иран се` уште не е разрешена.

XS
SM
MD
LG