Линкови за пристапност

Нигериските сили војуваат против исламски милитанти 


Во северниот дел на Нигерија продолжува борбата меѓу владините сили и радикална исламска секта, тврдат новинските извештаи. Според полициски извори, најновиот судир во средата е сосредоточен на регионалниот главен град Мајдагури.

Во вторникот, владините сили го гранатираа домот на Мухамед Јусуф, водачот на сектата Боко Харам која се смета за одговорна за нападите што однесоа 150 човечки животи. Се претпоставува дека сектата, која се нарекува и „нигериски Талебан“, е одговорна за нападите врз полициски и владини претставници ширум регионот.

До новиот судир дојде откако нигерискиот претседател Омару Јарадуа во вторникот навечер изјави дека ситуацијата е ствена под контрола. Насилството започна во неделата, кога сектата нападнала полициска станица во сојузната држава Баучи, откако биле уапсени некои нејзини водачи.

XS
SM
MD
LG