Линкови за пристапност

Киргистанските власти задушија опозициони собири


Полицијата во Киргистан приведе десетици лица во пресметката со симатизери на опозицијата кои протестираа против победата на изборите на претседателот Курманбек Бакиев.

Демонстрантите беа блокирани додека беа на протестен марш низ главниот град Бишчек. Полицијата ги растера и активистите насобрани на периферијата на градот.

Опозицијата ја обвини владата за местење на минатонеделните избори на кои претседателот Курманбек Бакиев освои дури 76 проценти од гласовите. Второпласираниот, опозиционен кандидат Алмазбек Атамбајев, според податоците на Изборната комисија, освоил само 8,4 отсто од гласовите.

ОБСЕ соопшти дека изборите биле со широкораспространети нерегуларности чија цел била да ја осигураат победата на Бакиев. Организацијата вели дека нејзините набљудувачи забележиле инциденти на полнење на гласачките кутии, двојно гласање, дури и купување на гласови и заклучи дека гласањето не ги исполнило клучните меѓународни стандарди.

XS
SM
MD
LG