Линкови за пристапност

Обама промовира реформа на здравствениот сектор


Американскиот претседател Барак Обама одржува нови средби со граѓани во обид да ја зајакне поддршката за неговиот план за реформа на здравствениот сектор и да го зголеми притисокот врз Конгресот да усвои легислатива на оваа тема.

На дневен ред на Обама се средби со граѓани во училиште во Рајли, сојузната држава Северна Каролина и во супермаркет во Бристол, сојузната држава Вирџинија.

Обама сака да го прошири здравственото осигурување на преку 40 милиони во земјата кои во моментов се неосигурани, а истовремено да ги заузди трошоците за здравствената заштита, што важи за најскапа во светот.

Обама се обидува да го надмине противењето на некои членови на Конгресот од Демократската партија – фискални конзервативци, кои стравуваат дека планот премногу ќе чини. Републиканците, пак, водат агресивна кампања против реформата, нарекувајќи ја прв чекор во владино преземање на здравствената заштита во САД.

Најновите анкети покажуваат дека јавната доверба во здравствената политика на Обама опаднала од времето кога стапи на функцијата.

XS
SM
MD
LG