Линкови за пристапност

Партнерство меѓу Мајкрософт и Јаху


Најголемиот производител на комјутерски софтвер во светот Мајкрософт и интернет компанијата Јаху постигнаа договор за кој се надеваат дека ќе го промени начинот на пребарување на Интернет.

Согласно договорот на 10 години, новата услуга на Мајкрософт - Бинг ќе го поддржува сето Интернет-пребарување на страницата на Јаху.

Извршниот директор на Мајкрософт Стив Балмер изјави дека договорот ќе им даде на корисниците „вистински избор на пазарот каде во моментов доминира една компанија“, алудирајќи на Гугл. Околу 70 проценти од сите Интернет-пребарувања од САД во моментов отпаѓаат на Гугл.

Јаху и Мајкрософт се обидуваа да постигнат одредена форма на партнерство уште од минатата година. Јаху ја одби понудата на Мајкрософт за откупување на компанијата за 47,5 милијарди долари.

Новиот договор најверојатно ќе биде предмет на внимателно разгледување од страна на деловните контролори во САД и Европа.

XS
SM
MD
LG