Линкови за пристапност

Иран ќе ослободи истакнат реформист


Портпаролот на иранското судство соопшти дека во среда ќе биде ослободен истакнат реформист, уапсен во протестите по претседателските изборите во Иран. Саид Хаџариан ќе излезе од затвор откако првиот човек на иранското судство Махмуд Хашеми Шахруди издаде наредба за забрзување на разгледувањето на случаите на приведените реформисти.

Иранската новинска агенција соопшти дека двајца фото-репортери, кои беа приведени нешто порано месецов, се обвинети за нова поврзаност со неименувано движење кое се залагало за промена на иранскиот режим. Извештајот наведува дека фриленс-фоторепортерот Маџид Саиди, кој вршел задача за „Гети имиџис“ и локалниот фото-репортер Сатјар Имами испратиле фотографии до странските медиуми.

Двајцата беа уапсени за време на владината акција против демонстрантите.

Во вторник, иранските власти со кауција ослободија 140 лица кои беа уапсени за време на протестите поради повторниот избор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад на 12-ти јуни. Ирански пратеник во парламентот кажа дека во затвор и натаму се наоѓаат други 150 лица, кои се соочени со многу посериозни обвиненија споредени со оние на лицата кои беа ослободени со кауција.

XS
SM
MD
LG