Линкови за пристапност

Ирска ќе прифати двајца притвореници од Гвантанамо


Ирска ќе прифати двајца притвореници од американската база Гвантанамо на Куба кои наскоро ќе бидат ослободени. Ирскиот министер за правда Дермот Ахерн ова го објави во средата по средбата со американскиот амбасадор во Ирска Дан Руни.

Ахерн рече дека двајцата притвореници, чиј идентитет нема да биде објавен, треба да пристигнат во Ирска во наредните два месеца.

Американскиот претседател Барак Обама претходно има најавено дека притворниот центар во Гвантанамо ќе биде затворен до јануари наредната година. Притворот беше мета на критики на организациите за човекови права поради наводите за груб однос кон притворениците.

САД се обидуваат да најдат земји кои би се согласиле да прифатат, според проценките, вкупно 50 притвореници од Гванатанамо кои американската влада реши да не ги гони кривично.

XS
SM
MD
LG