Линкови за пристапност

Ујгурска активистка: во Кина исчезнале 10.000 лица


Ујгурската активистка во егзил Ребија Кадир тврди дека речиси 10.000 луѓе исчезнале за една ноќ по крвавите етнички судири во северозападиот дел на Кина овој месец.
Кадир, која живее во САД, во вторникот во Токио побара независна истрага за случувањата во Урумчи, главниот град на кинеската покраина Ксинџијанг.

Според официјален Пекинг, во немирите загинале 197 лица. Насилството изби на 5-ти јули кога припадници на етничкото малцинство Ујгурци протестираа против начинот на кој полицијата се справила со нападите врз ујгурски работници во југоисточна Кина. Во знак на одмазда, припадници на кинеската доминатна етничка група Хан потоа дивееја во соседствата каде живеат Ујгурци.

Кадир вели дека е разочарана од тоа што САД и други земјите не кренале глас за ситуацијата.

Пекинг ја обвини Кадир дека е осмислувач на нередите. Таа го отфрла тврдењето.

XS
SM
MD
LG