Линкови за пристапност

ММФ ќе го засили давањето заеми на  сиромашните држави


Во соопштение од средата, ММФ вели дека наменил 17 милијарди долари за земји со ниски примања како помош во финансиската криза, како и дека ги суспендира каматните стапки за рати на одредени заеми за земјите во развој до 2011.

Меѓународната банка вели дека финансиската криза, заедно со наглиот пораст на цените на храна и нафта во 2007, создала итна финансиска потреба за сиромашните држави.

Како пример, банката вели дека заемот за Суб-Сахарска Африка во првата половина на оваа година достигнал 2,7 милијарди, што е два пати поголема сума од онаа определена за целата 2008.

ММФ вели дека ќе биде во состојба да обезбеди околу осум милијарди нови ресурси во текот на следните две години. Банката вели дека ќе собере дел од парите преку продавање на златните резерви.

XS
SM
MD
LG