Линкови за пристапност

Обама ветува подобра здравствена заштита


Американскиот претседател Барак Обама вели дека неговиот план за реформа за здравствениот сектор ќе обезбеди поголема сигурност за Американците кои веќе имаат здравственото осигурување, а истовремено ќе ја ограничи моќта на осигурителните компании.

Обама на средбата во Рајли, сојузната држава Северна Каролина истакна дека предлогот вклучува серија мерки за заштита на Американците што ќе ги принудат осигурителните компании на одговорност во случаи во кои ќе се утврди дека постапиле нечесно. Тој се залага да го прошири здравственото осигурување на преку 40 милиони во земјата кои во моментов се неосигурани, а истовремено да ги заузди трошоците на здравствената заштита.

Обама деновиве одржува средби со граѓани во обид да ја зајакне поддршката за неговиот план за реформа на здравствениот сектор и да го зголеми притисокот врз Конгресот да усвои легислатива на оваа тема.

Обама се обидува да го надмине противењето на некои членови на Конгресот од Демократската партија – фискални конзервативци, кои стравуваат дека планот премногу ќе чини. Републиканците, пак, водат агресивна кампања против реформата, нарекувајќи ја прв чекор во владино преземање на здравствената заштита во САД.

XS
SM
MD
LG