Линкови за пристапност

Разгорена дебата за расно профилирање во САД


Апсењето на харвардскиот професор Хенри Луис Гејтс и неговото тврдење дека расизмот играл улога во постапката на полицаецот Џејмс Кроли, предизвика национална дебата.

Раководителот на Националната асоцијација на црни полицајци, Чарлс Вилсон, вели дека многу често полицијата запира, испрашува или апси луѓе врз основа на бојата на нивната кожа, а не вистински докази. Тој вели дека заради предрасудите спрема обоените, ова мора да се прифати како факт.

Расно профилирање е пракса да се употреби расата или етничките карактеристики во одредување дали лицето има веројатност да извршило кривично дело.

На пример, статистиката покажува дека црните возачи почесто се запирани и претресувани отколку белите возачи.

Скот Њуман, хотелски менаџер, вели тоа му се случило нему.

„Ме запре полиција без причина. Не возев брзо. Го претресоа целиот автомобил барајќи дрога или нешто друго. Не најдоа ништо", вели Њуман.

Пол Батлер, поранешен федерален обвинител, бил уапсен пред неговата куќа заради несогласување со сосед во врска со место за паркирање.

Според податоци од ЕфБиАј, црните мажи се седум пати повеќе затворани од белците. Истражување на ЕјБиСи покажа дека мнозинството црнци велат дека не добиле ист третман како белците. И, во неколку држави црнците ги добиле судските постапки заради расно профилирање против полициските служби.

Расното профилирање било особено изразено во 1960те. Но оттогаш многу е променето.

Пензионираниот полицаец од Њујорк, Пит Рубино, вели дека во случајот на апсењето на харвардскиот професор, полицајците се вознемирени од обвиненијата дека делувале со расна предрасуда. „Денес, кога се одговара на повици постои чувство на опасност, да не се направи грешка", вели тој.

А полицискиот оддел на Кембриџ е еден од оние кои инсистираат на програми што на полицајците ќе им помогнат да ги сфатат културните расзлики и да ги смират ситуациите полни со тензија. Токму за да се надминат негативните перцепции.

XS
SM
MD
LG