Линкови за пристапност

Бомбашки напад во Шпанија - повредени 60-тина


Експлозија на моќна автомобил-бомба значително оштетила касарна на Цивилната гарда во градот Бургос во северниот дел на Шпанија, при што полесно биле повредени околу 60 лица, соопштија властите.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Алфредо Перез Рубакалба ја обвини баскиската терористичка група ЕТА дека го извршила нападот. Во касарната се сместени припадници на специјалните полициски сили и нивните семејства - вкупно 120 лица, од кои 41 се деца. Рубакалба кажа дека напаѓачите несомнено се обиделе да ги убијат оние кои биле во касарната.

ЕТА има убиено преку 825 лица од крајот на 60-те години - наваму. Групата тврди дека се залага за формирање на независна баскиска држава во северна Шпанија и југозападна Франција.

XS
SM
MD
LG