Линкови за пристапност

Седуммина од Северна Каролина обвинети за терористички заговор


Американските власти обвинија седум лица кои живеат во југоисточната сојузна држава Северна Каролина дека планирале да извршат терористички напади во странство.

Осомничените се обвинети дека заговарале пружање на материјална поддршка на терористи, убиства, грабнување и осакатување на лица во странство. Во обвинението објавено во понеделникот се наведува дека наводниот водач на групата, 39-годишниот Даниел Бојд и неколку други осомничени лица во јуни 2007-ма отпатувале во Тел Авив, Израел, за да се вклучат во „насилен џихад“, меѓутоа не успеале.

Обвинителите тврдат дека Бојд бил на обука вo армиски стил во терористички кампови во Авганистан и Пакистан меѓу 1988-ма и 1992-та. Властите велат и дека Бојд и другите осомничени минале обука за употреба на оружје и се обиделе да соберат средства за терористички напади. Обвинението не наведува дали вкупно шесторицата американски граѓани и еден родум од Косово планирале напади и во САД.

Групата излезе пред суд во понеделникот, а наредното појавување е во четврток. Доколку бидат осудени за обвиненијата, осомничените би можеле да останат зад решетки до крајот на животот.

XS
SM
MD
LG