Линкови за пристапност

Мичел се сретна со Нетанјаху


Специјалниот американски претставник за Блискиот Исток Џорџ Мичел во Ерусалим се сретна со изралскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, во обид да го реши спорот околу израелските населби на Западниот Брег.

Мичел и Нетанјаху разговараа за чекорите што се потребни да се постигне мир на Блискиот Исток. Вашингтон смета дека Израел мора да прекине со изградбата на населби за да промовира мир. Израел, пак, стои на тоа дека изградбата мора да продолжи за да се дозволи „природниот пораст“ на населбите.

Средбата на Мичел со Нетанјаху е дел од новиот американски обид за ставање крај на израелско-арапскиот конфликт. Мичел на турнејата низ регионот се сретна и со лидери од Сирија, Египет и палестинските територии.

Американскиот советник за национална безбедност Џејмс Џонс, пак, е на чело на делегација што ќе ги посети Израел и Западниот Брег, во рамки на друг дипломатски притисок за постигнување на мир на Блискиот Исток. Делегацијата пристигнала во регионот во понеделникот навечер.

XS
SM
MD
LG