Линкови за пристапност

Стара железничка линија во Њујорк доби нова намена


Се нарекува Висока линија, која служела за пренос на живина и друга стока. Во 1980-та била последната достава на замрзнати мисирки за долен Менхетн со оваа железница.

Сега е целосно реновирано издигнато шеталиште.

Во густо населената метропола, Високата линија сега нуди отворен простор за релаксирање. Уживање за Њујорчани и за туристите.

Некогашното сивило во квартот веќе не постои благодарение на Високата линија. Тоа е оаза во морето од бетон. На шеталиштето има повеќе од сто видови на растенија, инспирирани од дивата флора останата по времето на функционирањето на пругата.

Сега се гради насекаде. Станови, канцеларии, ресторани, дури и музеј до шеталиштето.

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, заедно со донаторите, како дизајнерката на облека Дајен Фон Фургенбург и нејзиниот сопруг - медискиот могул Бери Дилер, свечено го пуштија во употреба шеталиштето.

„Горда сум да бидам дел од овој кварт, од овој град, од оваа земја. Соништата се остварливи и се е можно", ењчњ на свеченоста Фургенбург.

Првите два дела од Високата линија се готови и за нив се потрошени 152 милиони долари. Од таа сума, 44 милиони долари беа собрани од јавноста. Од посетеноста и изгледот на ова место се чини дека чекањето и дадените пари се исплателе.

XS
SM
MD
LG