Линкови за пристапност

Иран ослободи - 140 лица затворени по изборите


Иранските власти во вторникот ослободија 140 лица кои беа затворени за време на поизборните немири. Пратеникот Казим Џалали за иранските медиуми изјави дека против ослободените се подигнати обвиненија за лесни престапи и дека се ослободени со кауција.

Претходно во текот на денот, членовите на посебна парламентарна комисија која ги истражува апсењата го посетија озлогласениот затвор Евин во Техеран. Се верува дека во него се наоѓа најголемиот дел на затворени за време на протестите на кои беа оспорени резултатите на претседателските избори.

Во затвор, според иранските власти, вкупно се наоѓаа околу 300 уапсени во протестите. Пратеникот Џалали рече дека околу 150-те лица кои останале во затвор се товарат за посериозни претстапи за разлика од 140-те кои беа ослободени со кауција.

Иранските медиуми јавија дека главното владино лице за правосудство наложило во рок од една недела надлежни лица да решат дали притворениците – реформистички поборници треба да останат зад решетки, или да бидат ослободени.

XS
SM
MD
LG