Линкови за пристапност

Нов лек за слабеење


Ова се просперитетни времиња за индустријата за фитнес и диети. Луѓето во светот трошат повеќе од 360 милијарди долари на таблети за слабеење, храна и програми за истата цел. Глобалниот пазар за справување со прекумерната тежина се проценува дека ќе достигне 586 милијарди долари до 2014-та.

Но и покрај сето тоа - Американците се се` подебели.

Официјални податоци се дека две третини од Американците се или гојазни или имаат вишок килограми. Доктор Ен Шокит од Центарот за превенција на болести вели: „Гојазноста е скриена епидемија. Изненадувачки е што за последнава деценија Американци се повеќе добиваат во тежина, вклучувајќи и морбидна дебелина во екстремни случаи."

Препораката за физичка активност и здрава исхрана остануваат. Некои луѓе одат до таму што прават операција за намалување на стомакот така што не може во него да собере многу храна.

Но, научниците на универзитетите на Индијана и Синсинати нудат уште едно, помалку драстично решение - лек што е комбинација од два природни хормони кои ги сузбиваат апетитот и го зголемуваат метаболизмот, и кој покажал добри резултати на глувци и стаорци. Професорот од Индијана Ричард Димарки објаснува дека со една инјекција од лекот, се покажало намалување на телесната тежина на глодарите за 25 проценти.

Но дебелината не е проблем сам за себе. Таа носи ризик и од многу болести. Дијабетис, на пример. Затоа, целта е, вели професорот, да се најде терапија која ефикасно ќе делува на намалување на телесната тежина и истовремено ќе го лекува и дијабетисот. За овој лек тестовите на луѓе допрва претстојат.


XS
SM
MD
LG