Линкови за пристапност

Разговорите со Кина „суштински чекор напред“


Американскиот претсдеател Барак Обама смета дека дводневните разговори со Кина за билатералната соработка, што во понеделникот започнааа во Вашингтон, се „суштински чекор напред“ кон позитивни, конструктивни и сеопфатни односи.

Обама кажа дека САД и Кина може да соработуваат на сопствените интереси во запирање на ширењето на нуклеарното оружје. Обете земји мора да продолжат со соработката за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, а во истовреме обединети да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје, рече американскиот претседател.

Односите меѓу САД и Кина ќе го образуваат 21-от век, оцени Обама, додавајќи тие се сеопфатни и ги одразуваат се` подлабоките врски меѓу народите на двете земји. Обама е задоволен што кинескиот претседател Ху Џинтао ја споделува заложбата за континуиран дијалог за јакнење на заедничките интереси, но додаде дека нема илузии дека САД и Кина ќе се согласат за се` и сешто.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон најави дека разговорите ќе се насочат на безбедноста, климатските промени и глобалната економска ситуација. Обете страни можеби не секогаш „гледаат исто“, рече Клионтон, но додаде дека решенијата на многу предизвици се на дофат.

Клинтон и секретарот за финансии Тимоти Гајтнер се на чело на американската делегација на првите годишни разговори од ваков вид, наречени Стратешки и економски дијалог со Кина. Гајтнер на отворањето ја пофали кинеската реакција на економската криза.

Владини претставници најавуваат дека САД сакаат Кина помалку да се потпира на извозот, а повеќе на ширење на домашните пазари во поттикнувањето на економски растеж. Американски владини лица велат и дека ќе подвлечат дека американската економија ќе се опорави, но дека процесот нема да биде придвижен од тоа Американците да купуваат странски добра.

Официјален Пекинг испрати 150-члена делегација во Вашингтон – најбројна досега што престојувала во САД.

Кина и САД планираат наредните средби наизменично да се одржуваат во Пекинг и Вашингтон. Тие се претставуваат проширување на економските разговори што започнаа за време на владата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

XS
SM
MD
LG