Линкови за пристапност

Евробарометар: мнозинство стравува дека најлошото од економската криза допрва доаѓа


Граѓаните на Република Македонија се загрижени за својата иднина поради актуелните социјално-економски состојби што произлегоа од глобалната финансиска криза. Ваков резултат покажа најновото истражување на Евробароматарот. Истражувањето за последиците од кризата е спроведено на почетокот на јуни во 27-те земји-членки на ЕУ, но и во трите земји кандидати за членство: Македонија, Хрватска и Турција.

Генералниот заклучок е дека мнозинството граѓани во Европа стравуваат дека најлошото од актуелната светска криза допрва доаѓа. За разлика од останатите граѓани на европските држави кои имаат доверба во социјалните институции, Македонците - покажува истражувањето - не се воопшто информирани за механизмите на социјалната заштита. Исто така, во спроведената анкета тие покажале мало познавање за правата кои им следуваат доколку го изгубат работното место.

Кога станува збор за перцепцијата на европските институции, таа меѓу граѓаните во Македонија е позитивна. Македонците се уверени дека ЕУ носи безбедност на работното место и социјална заштита. Со 73 отсто, македонските граѓани се со најголема доверба во позитивните ефекти на ЕУ.

Истражувањето на Евробарометарот, кое го спроведува европската статистичка институција Евростат, констатира дека од 27-те земји-членки на ЕУ и трите земји-кандидати за членство, најголема стапка на невработеност има во Македонија.

XS
SM
MD
LG