Линкови за пристапност

Авганистан постигна прв локален договор со Талебан за прекин на огнот


Авганистанската влада соопшти дека постигнала прв локален договор воопшто со бунтовниците на Талебан. Примирјето било постигнато во северозападната покраина Баџис, во обид да се подобри безбедноста пред претседателските избори закажани за наредниот месец.

Портпарол на претседателот Хамид Карзаи соопшти дека договорот бил постигнат во саботата, по преговори со локални племенски водачи и водачи на Талебан. Според договорот, Талебан ќе дозволи изборни кандидати да отворат канцеларии во покраината и ветил дека нема да ги напаѓа. Владата се надева да постигне слични договори и во други делови на земјата.

Изборите на 20-ти август се клучен тест за напорите поддржани од САД и НАТО за воспоставување на демократијата во Авганистан по децении на судири. Се` поголемото насилство ги нарасна стравувањата дека гласањето ќе биде проследено со немири.

Во неделата, авганистанските власти соопштија дека еден од потпретседателските кандидати на Карзаи преживеал во напад од заседа на неговиот конвој што го извршиле талебански бунтовници. Мухамед Касим Фахим, поранешен воен владетел и министер за одбрана, патувал низ северната покраина Кундуз кога бунтвонците отвориле оган врз колоната возила.

Поради зачестените напади на Талебан, во јули е забележан најголем број на жртви на насилство од инвазијата врз Авганистан под американско раководство кон крајот на 2001-ва - наваму.

XS
SM
MD
LG