Ново истражување покажува дека гојазноста и трошоците за третман на болести поврзани со неа драматично пораснале меѓу 1998 и 2006. Студијата е публикувана во понеделник, во журналот „Здравствени прашања". Таму стои дека здравствените трошоци поврзани со дебелината се проценети на 147 милијарди долари годишно во 2006, што е речиси удвојување од 74те милијарди само осум години порано. Истражувачите од непрофитната група, Истражувачки институт Триангл, и американските центри за контрола на болести и превенција, велат дека здравствените состојби предизвикани од гојазноста, како дијабетисот и срцевите заболувања, сега сочинуваат 9.1 процент од сите медицински трошоци. Тоа е зголемување од 6.5 проценти во 1998.Извештајот вели дека гојазноста сама по себе пораснала за 37 проценти во тоа време и сега близу една третина од Американците спаѓаат во категоријата гојазни. Ново истражување покажува дека гојазноста и трошоците за третман на болести поврзани со неа драматично пораснале меѓу 1998 и 2006. Студијата е публикувана во понеделник, во журналот „Здравствени прашања". Таму стои дека здравствените трошоци поврзани со дебелината се проценети на 147 милијарди долари годишно во 2006, што е речиси удвојување од 74те милијарди само осум години порано.
Истражувачите од непрофитната група, Истражувачки институт Триангл, и американските центри за контрола на болести и превенција, велат дека здравствените состојби предизвикани од гојазноста, како дијабетисот и срцевите заболувања, сега сочинуваат 9.1 процент од сите медицински трошоци. Тоа е зголемување од 6.5 проценти во 1998.
Извештајот вели дека гојазноста сама по себе пораснала за
37 проценти во тоа
време и сега близу една третина од Американците спаѓаат во категоријата
гојазни.