Линкови за пристапност

Синдикатот на полицијата бара извинување од претседателот


Синдикатите на полицијата од сојузната држава Масачусетс бараат извинување од претседателот Барак Обама и од гувернерот Девал Патрик за „изместените" забелешки во врска со апсењето на проминентен црн професор.

Полицајците одржаа конференција за новинарите во петок во врска со апсењето на харвардскиот професор Хенри Луис Гејтс, што епродолжува да ја бранува јавноста. Претседателот на асоцијацијата на полициски раководители кажа дека полицијата е длабоко разочарана од импликацијата дека расата била фактор во апсењето.

Контроверзата започна минатата недела откако некој повикал полиција кога го забележал Гејтс како се обидува насилно да влезе во неговиот дом. Кога бел полицаец дошол на сцената, полицијата вели дека професорот вербално го нападнал и одбил да соработува – за што Гејтс вели дека не е точно.

Педесет и осумгодишниот професор бил уапсен заради непримерно однесување и одведен во лисици. Полицијата подоцна го отфрлила обвинението.

Обама кажа дека полицијата постапила „глупаво" апсејќи го Гејтс во неговиот дом и дека тој инцидент покажува дека расизмот „сеуште ја прогонува" нацијата. Гувернерот на државата, кој е Африкански-Американец кажа дека инцидентот е „ноќна мора на секој црнец".

Но, полицијата застана зад полицаецот што го извршил апсењето, велејќи дека постапил соодветно.

Гејтс, кој специјализирал Африканско-американска историја вели дека е жртва на расно профилирање, и побара извинување од полицаецот што го уапсил.

Но полицаецот инсистира дека ја следел утврдената процедура и вели дека нема да се извини.
XS
SM
MD
LG