Линкови за пристапност

Ирачкиот премиер е отворен да подолг престој на американските војници


Ирачкиот премиер Нури Ал-Малики наговести дека е отворен во однос на можноста американските сили да престојуваат во Ирак и по 31-ви декември 2011-та - крајниот рок на кој се договорија двете држави за повлекување на сите американски војници од земјата.

Тој во говор во Вашингтон во четвртокот сугерираше дека рокот може повторно да се разгледа доколку ирачките сили побараат понатамошна обука и поддршка.

Ал-Малики во средата се сретна со Барак Обама во Белата куќа, кога американскиот претседател рече дека и покрај тешките денови кои престојат во Ирак, САД ќе останат на рокот за повлекување.

Денеска е предвидена средба на Малики со државниот секретар Хилари Клинтон и со потпретседателот Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG