Првите луѓе на емитувачките мрежи финансирани од американската влада сведочеа во Конгресот дека тие играат важна улога во информирањето на публиката од странство, особено онаму каде слободата на медиумите е ограничена.
Директорот на Гласот на Америка Данфорт Остин и директорот на Радио Слободна Европа/Радио либерти Џефри Гедмин рекоа дека ги менуваат техничките начини и стратегиите за достава на информации со цел поефикасно да допрат до публиката.
Конгресот предложи буџет од 746 милиони долари за американското емитување на програма во странство во фискалната 2010-та година, што започнува во октомври.