Околу пет милиони Американци, кои мака мачат да врзат крај со крај, добија извесна помош во форма на зголемување на платата.
Минималната плата во САД од петокот е поголема за еден долар по час на 7,25 долари – последно од трите зголемувања што ги наложи Конгресот уште во 2007-ма.
Економистите - поделени: некои подвлекуваат дека работниците месечно ќе имаат 120 долари повеќе.
Секретарката за труд Хилда Солис вели - тоа ќе ја поттикне економијата, резултирајќи во проценти вкупно 5,5 милијарди долари потрошувачка на мало.
Но други сметаат дека зголемувањето ќе ги зголеми трошоците за плата на компаниите-работодавачи и дека како резултат ќе мора да отпуштат работници.