Командантот на американските сили во Азија смета дека Северна Кореја најверојатно ќе остане на врвот на приоритетите на неговиот наследник по смената на командата во октомври, но рече дека и други прашања, како растежот на кинеската армија, бараат внимание.
Во интервју за Гласот на Америка, адмиралот Тимоти Китинг рече дека американските претставници внимателно се насочени на Северна Кореја преку разузнавање и дипломатски иницијативи.
Китинг кажа дека Северна Кореја се обидува да развие проектил од долг домет, но дека американската армија е подготвена да одговори на каква и да е армиска реакција на Пјонгјанг.
Китинг заминува од функцијата во октомври. Него ќе го замени адмиралот Роберт Вилард, кој сега командува со американската пацифичка флота.