Линкови за пристапност

Профитот на Мајкрософт падна за 29 проценти


Најголемиот светски производител на софтвер пријави 29-процентно намалување на профитот и продажба под очекувањата на аналитичарите.

Мајкрософт доцна во четвртокот објави дека нето приходот од второто тримесечје бил 3,05 милијарди долари, споредено со 4,3 милијарди една година порано.

Продажбата опаднала за 17 проценти, на 13,1 милијарда, иако аналитичарите очекувале заработка од 14,37 милијарди. Акциите на компанијата паднале осум проценти во вечерната размена.

Порано во четвртокот, најголемата компанија во светот за пренесување пакети кажа дека профитот од второто тромесечје се намалил со слабеење на прометот заради економското опаѓање.

Јунајтед Парсел Сервис или ЈуПиЕс со седиште во САД во четвртокот објави намалување на профитот за 49 отсто за периодот од април до јуни.

Официјални лица велат дека намалувањето на испраќањето пратки, во САД и во светот, се чини дека се стабилизира, но предвидуваат дека во наредните три месеци нема да има забележливо зголемување во побарувачката за овие услуги.

XS
SM
MD
LG