Линкови за пристапност

Подобрен американскиот имиџ во странство


Истражувањето покажа обнова на имиџот на Америка, според Ендрју Кохат, шеф на проектот за глобалните ставови при истражувачкиот центар Пју.

„Во многу земји, мислењето за САД е позитивно како што беше на почетокот од деценијата пред претседателот Буш да го почне првиот мандат“, вели Кохат.

Меѓу 26.000 испитаници ширум светот, истражувањето покажа најголемо зајакнување на позитивниот став спрема САД во Европа. На пример во Франција, 75 отсто испитаници имаат позитивен став спрема САД, споредено со 42-та проценти пред една година. Двоцифрено зголемување на поддршката има во Мексико, Бразил, Индија и Кина. Од 24 анкетирани држави, само во Израел е влошено расположението спрема САД. Израел исто така беше единствена нација во која има опаѓање на процентот на анкетирани кои велат дека „САД ќе постапат правилно во светската политика“.

Претседателот Обама има високи оценки споредено со неговиот претходник, претседателот Буш. Осумдесет и шест проценти Британци изразија доверба во Обама, споредено со само 16 проценти лани за Буш. Во Канада и Јапонија, Обама има 60 проценти поголема поддршка од неговиот претходник. Разликите меѓу двајцата во Аргентина е 54 отсто, 51 процент во Јужна Кореја и 33 отсто во Нигерија.

Бројките се помалку импресивни за САД меѓу муслиманскиот свет. Дваесет и седум отсто проценти Египќани имаат позитивен став спрема САД денес, или само пет отсто повеќе од лани. Меѓу земјите каде доминираат Муслиманите, само во Индонезија има подобрување на гледиштата спрема САД, најверојатно поради фактот што Обама минал дел од детството во Џакарта.

Ендрју Кохат подвлекува едно постигнување меѓу муслиманскиот свет: „Едно од најзначајните работи во правец на подобрување на ставот меѓу Муслиманите е дека за прв пат, забележуваме поголема доверба во американски претседател отколку во Осама бин Ладен“.

Подобрувањето на американскиот имиџ во светот на чело со популарноста на претседателот Обама ќе биде од корист на САД, според поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт, ко-претседавач со истражувачкиот проект:
„Како да војувате против тероризмот, нуклеарната пролиферација -- тоа се прашања со кои не може да се справи само една земја. Многу е важно што имате претседател на кого се гледа со доверба дека сака да користи мултилатерални средства, кој сака да подаде рака“.

Истражувањето на Пју било извршено во периодот мај-јуни и се спроведува еднаш годишно од 2002.

XS
SM
MD
LG