Линкови за пристапност

Американска акција против лидерите на картелите за дрога во Мексико


Неделава американската влада објави награда од 50 милиони долари за апсење на лидерите на картелот за дрога во Мексиканскиот Залив, како и за поранешните мексикански војници познати како „Зети“, за кои властите велат дека се поврзани со картелот.

Со помош на прислушкување, лидерите од обете групи својата заедничка операција ја нарекле „Компанија“. Американските агенции за спроведување на законот неделава соопштија дека обвинуваат четворица од главните лидери на организацијата, како и на 15 други лица, кои се опишани како помошници.

Меѓу обвинетите се Мигуел Енџел Тревино Моралес, за кој се верува дека е лидер на групата. Тој се обвинува за наредба на пет убиства во пограничниот град Ларедо во Тексас, изведени од бригада составена од американски тинејџери кои тој ги регрутирал и го вооружал.

Мексиканската влада нуди награда од два милиона долари за информација која ќе води до апсење на Тревино и неговиот брат, за кој се верува дека е вмешан во групата за шверц со дрога.

Во Вашингтон, американскиот главен правобранител, Ерик Холдер, предупреди дека овие организации за шверц со дрога претставуваат сериозен проблем за обете земји.

„Конкретно мексиканските картели за дрога, се закана како по националната безбедност, така и за организираниот криминал и за САД и за Мексико“, вели Холдер.

Жителите на Мексико секојдневно се соочуваат со последиците од војната меѓу картелите за дрога. Од почетокот на минатата година во насилство поврзано со овие групи, загинале преку 7.700 лица.

Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон неделава испрати дополнителни сили во градот Микоак, во рамки на големата акција против криминалните банди. Претседателот Калдерон отпочна војна против оранизираниот криминал на ниво на целата земја, кусо време откако ја презема функцијата во декември 2006 година.

Неговите акции се поздравени од агентите на Американската агенција за борба против дрогата, чија канцеларија во Хјустон, ги предводи напорите на САД за изведување на лидерите на картелите пред правдата. Од канцеларијата велат дека неодамнешното намалување на интензитетот на насилството во Мексико, покажува дека владините напори функционираат.

Американски претставници додаваат дека зголемената соработка меѓу Мексико и САД, како и подготвеноста на мексиканските судови да испратат криминалци на судење во Америка, создава атмосфера на доверба дека обвинетите лица на крајот ќе бидат уапсени.

Американската агенција за борба против дрогата вели дека петте милиони долари награда од страна на американската влада за информација што би водела до апсење на Тревино и другите лидери на картелите, во најмала рака криминалците ќе ги направи нервозни во извршувањето на нивните дела.

XS
SM
MD
LG