Американскиот претседател Барак Обама во петок објави програма според која државите и училишните општини ќе се
натпреваруваат за повеќе од четири милијарди федерална помош за реформи.
Во Одделот за образование на САД Обама кажа дека конкуренцијата за финансирањето наречено „Трка за врвот“ ќе се фокусира на
олеснување на ограничувања за специјални класови на јавните училишта познати
како „чартер училишта“, поврзувајќи ја платата на наставниците со покажаниот
успех, и создавање на академски стандарди што ќе важат за целата држава.
Претходни обиди за образовна реформа не успеаа заради децентрализираната природа на училишниот систем – каде секој државен училишен систем е одвоен – и заради отпор на промена одсиндикатите на наставниците.
Парите треба да дојдат од стимулативниот пакетод 787 милијарди долари усвоен во февруари.