Линкови за пристапност

Бајден: САД стојат зад Грузија


Човекот број два во САД кажа дека Вашингтон ја поддржува Грузија, и покрај тоа што Русија испрати предупредување да не се продава оружје на поранешната советска република.

Потпретседателот Џо Бајден спроти средбата со грузискиот претседател Михаил Сакашвили во Тбилиси рече дека посетата покажува дека САД стојат зад Грузија.

На дневен ред на Бајден се и средби со грузиската опозиција

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Григори Карасин, пак, изјави дека Русија ќе преземе “конкретни мерки“ против вооружување на Грузија, и ќе размисли за прекинување на воено-техничката и воено-економска соработка со секоја земја која ќе ја снабди Грузија со оружје.

Во август ќе се одбележи годишнина од кусата руско-грузиска војна. Лидерите од грузиската опозиција бараат оставка од Сакашвили, обвинувајќи го дека е одговорен за војната и за авторитарно владдење. Тој истакна дека нема да се повлече пред завршување на мандатот во 2013-та.

XS
SM
MD
LG