Линкови за пристапност

Претрес на канцеларијата на лекарот на Мајкл Џексон


Кралот на поп-музиката Мајкл Џексон не се симнува од насловните страници – властите во средата извршија претрес на канцеларијата на неговиот лекар Конрад Мјуреј, а адвокатот на Мјуреј кажа дека барале докази за убиство без умисла.

Полицијата во Лос Анѓелес веќе го има распрашано Мјуреј за смртта на Џексон, досега не го сметаше за осомничен и одбива понатамошен коментар.

Мјуреј бил со Џексон кога му се слошило и се обидел да го врати во живот.

Резултатите од обдукцијата се` уште не се објавени, а според извори блиски на истрагата, во домот на Џексон бил пронајден моќен анестетик – пропофол.

XS
SM
MD
LG