Линкови за пристапност

Јапонија разочарана од намалените шанси за купување на американски бомбардер


Висок американски воен командант во Јапонија зборуваше за намалените шанси Токио да дојде до посакуваниот борбен авион Еф-22, само неколку дена откако Сенатот реши да го прекине натамошното финансирање за негово производство.

Генерал-полковникот Едвард Рајс изјави дека авионот „Еф-22“ „Раптор“ не бил планиран да се продава во странство, и покрај интересот изразен од земји-сојузници како Јапонија, Австралија и Израел.

На Јапонија и на другите заинтересирани земји можно е да им биде понуден помал, побавен и поефтин бомбардер од типот „Еф-35“, кој содржи дел од современата технологија на „Рапторот“.

Претседателот Обама изјави дека парите би биле залудно потрошени, доколку се продолжи производството на авионите од типот „Еф-22“. Предлогот наиде на поддршка кај многумина законодавци. Актуелната администрација се обидува да намали голем дел од буџетот за одбрана преку прекин на скапи проекти за конвенционална војна.

Сепак влијателни поддржувачи на проектот за производство на „Еф-22“ во американскиот Конгрес, велат дека иако авијацијата нема потреба од дополнителни авиони од овој тип, нивното производство сепак треба да продолжи заради продавање на сојузниците.

Јапонското воздухопловство главно поседува бомбардери од типот „Еф-4“ и „Еф-15“. Јапонски претставници на одбраната сепак истакнаа дека ќе продолжат да се залагаат за замена на постојните „Еф-4“ авиони со „Рапторот“, и покрај укинувањето на финансирањето за негово производство.

XS
SM
MD
LG