Линкови за пристапност

Азиските економии на пат на опоравок


Се појавуваат знаци дека азиските економии се на добар пат кон економско опоравување.

Извештај од четвртокот на Азиската банка за развој вели дека источноазиските држави ќе имаат растеж од шест проценти во 2010, што е два пати побрзо од оваа година, и дека најлошото од рецесијата можеби е минато.

Банката вели дека најсилните знаци за финансиско оправување може да се видат во новопројавените финансиски пазари на регионот, кои скокнаа за речиси 70 проценти од минатиот ноември. Кинеската економија исто така расте со стабилна стапка (осум проценти за трите месеци кои завршија во јуни), додека индустриското производство се засилува во неколку други држави (Индонезија, Малезија, Филипините, Тајланд и Виетнам).

Сепак, висок економист на банката, Јонг Ва Ли, предупредува дека одржливо економско опоравување ќе зависи од судбината на големите индустриски сили.

Околу 60 проценти на извозот од регионот оди во САД, Европа и Јапонија.
XS
SM
MD
LG