Линкови за пристапност

Секстирање – нов феномен во Америка


18 годишната Мел - тоа не е нејзино вистинско име - е секојдневен „секстер“. Таа вели дека често разменува експлицитни сексуални пораки и слики со нејзината партнерка, како начин да се задржи интимноста: „Понекогаш секстирањето, испраќање ваши слики, може да ја зацврсти врската. Мислам дека тоа е позитивен начин да се задржи врската на голема далечина.“

Но, дали секстирањето ќе биде означено како позитивен или негативен тренд, зависи со тоа со кого разговараш. За секстерите, тоа е позитивна работи, за оние кои не го прават тоа – тоа е лошо.

Доктор Сузан Липкинс е автор и психолог од Њујорк со 25 години искуство. Неодамна направила истражување преку интернет на 323 анонимни волонтери со цел да го истражи ставот кон секстирањето.

„Според ова истражување, близу 66 проценти од популацијата секстира. Фотографиите се полуразголени, целосно разголени, со провокативна сексуална содржина и се испраќаат на луѓе што се познаваат. Млади на возраст од 13 до 19 години се активно вклучени во секстирање, но оние меѓу 20 и 26 се уште повеќе инволвирани“.

Некои сојузни држави ги гонат малолетниците кои секстираат за испраќање експлицитни сексуални материјали, според статутот за заштита од детска порнографија. Но доктор Липкинс верува дека со тоа се оди предалеку: „Не сметам дека младите треба да бидат гонети и мислам дека на секстирањето треба да гледаме како на симптом за нешто поголемо, како актуелна сексуална револуција“.

Липкинс верува дека општеството треба да прифати дека секстирањето ја одразува промената на сексуалните вредности меѓу младата генерација.

„Мислам дека природата на врските драстично се менува. Мислам дека младите веруваат дека необврзен секс не само што е во ред, туку и се преферира. Тие не сакаат врски. Тие веруваат дека сексирањето е одраз на нивниот став кон лична слобода, и кон сексот“, вели Липкинс. Таа сугерира дека еден од начините со кој младите може да им помогнат на младите да се справат со трендот е да ја разберат човечката сексуалност и што значи здрава сексуална врска. Но, Мел, исто така секстер, вели дека возрасните, исто така имаат потреба од подобри информации за сексуалните навики, кои нивните деца ги сметат за нормални: “Родителите треба да се образуваат за тоа што се случува и да разговараат со нивните деца.

Мел вели дека има зголемување на свеста меѓу младите како неа дека треба да се користи разумот кога се испраќаат и примаат сексуални пораки: „Лично, кога ќе добијам фотографија, веднаш ја бришам и знам дека и мојот партнер го прави тоа. Тоа се договоривме со цел да бидеме сигурни дека ниту една од фотографиите нема да заврши во несакани раце“

Во меѓувреме, во време кога дебатата за секстирање продолжува и дигиталните технологии продолжуваат да се унапредуваат, Липкинс вели дека едноставно има потреба од повеќе информации.

„Мислам дека имаме потреба од многу повеќе истражувања. Треба многу повеќе разбирање за феноменот и релевантните теми пред да отидеме предалеку“, вели таа.

Има заложби за донесување на закон што ќе го санкционира секстирањето. Таков закон беше претставен во Њу Џерси, според кој престапници кои ќе бидат фатени во испраќање експлицитни сексуални пораки преку мобилен телефон нема да се соочат со криминално гонење, туку ќе бидат упатени на програми за потенцијалните правни и социјални последици од секстирањето.

XS
SM
MD
LG