Ирачкиот премиер Нури Ал-Малики се среќава со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во Њујорк, при што ќе разговараат за резолуцијата на Советот за безбедност која бара од Ирак да плати отштета на Кувајт за Војната во Заливот во 1991-ва.
Мината недела, ирачка делегација предводена од шефот за надворешни работи Хошијар Зибари се сретна со генералниот секретар Бан Ки Мун и разговараше за оштетата.
Малики потоа има средба во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама, кој се очекува да изврши притисок врз Ал-Малики за задвижување на процесот на национално помирување во земјата.
Обајцата лидери ќе разговаат и за актуелните проблеми меѓу Алијансата на шиитското мнозинство на премиерот Малики, малцинските Сунити и етничките Курди во земјата.
Обама рече дека политичкото помирување е основа за долгорочна стабилност и безбедност на Ирак.